петок, 18 октомври 2024

Чешка победник на Хофман-купот

Објавено на

часот

Сподели

Шампионката од Вимблдон лани, со 7-5, 6-1 ја победи Марион Бартоли во првиот меч од финалето, додека Бердих потоа со 7-6, 6-4 славеше над Ришар Гаске, по што Чешка ја оствари недостижната предност и немаше потреба да се игра дуелот во мешани двојки.

„Не можеше да биде подобро. Ова беше фантастична недела. Морам да ѝ се заблагодарам на Квитова. Ова е најдоброто финале што го одигравме“, рече Бердих, кој предвидува дека веќе за една недела неговата сонародничка ќе стигне и до првото место на ВТА-листата.

Двајцата најдобри чешки играчи со ова најавија сериозна кандидатура за првиот гренслем-турнир, Австралија опен, кој почнува идната недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ