вторник, 5 ноември 2024

Брнабиќ: 12.000 домаќинства се делумно или целосно уништени во невремето

Објавено на

часот

Сподели

Брнабиќ рече дека во периодот од 19 до 24 јули вкупно 13 локални самоуправи прогласиле вонредна состојба, но дека најтешко се погодени градот Нови Сад и општината Бачка Паланка.

Таа рече и дека прелиминарно ги попишале штетите и дека приоритети за обесштетување ќе бидат станбените згради и основните и средните училишта, а потоа здравствените установи и објектите за јавна намена.

Брнабиќ рече дека штетата се мери во „стотици милиони евра“ и дека е најголема во локалните самоуправи во Војводина.

Таа рече дека утре ќе има состанок на работната група за санација на последиците од поплавите што се случија, на која ќе се види како се одвиваат „исплатата и обесштетувањето на штетите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ