петок, 18 октомври 2024
НБА

Брилијантна партија на Јокиќ, Денвер тргна со победа против Лејкерс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот кошаркар игра фантастично во плејофот, така беше и синоќа кога уште во третата четвртина имаше трип-дабл. Тој мечот го заврши со 34 поени, 21 скок и 14 асистенции.

Денвер водеше речиси во целиот меч, во еден период имаше предност и од 21 разлика, во последната четвртина влегоа со позитива од 14, но ризикуваа да ја испуштат. Во последниот период Лејкерс не само што ја стопија негативата, туку имаа и шут за израмнување. Сепак во самиот финиш подобро се снајде Денвер и дојде до триумф од 132-126.

Покрај Јокиќ, одличен во тимот на Денвер беше и Мареј кој постигна 31 поен. Најефикасен на мечот беше Ентони Дејвис кој постигна 40 поени, имаше и 10 скокови, на Леброн Џејмс му недостигаше само една асистенција за трипл-дабл, постигна 26 поени, имаше 12 скокови и девет асистенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ