среда, 27 ноември 2024

Борел: Нападот на Курск е „сериозен удар“ за Путин

Високиот дипломат на Европската унија (ЕУ), Жосеп Борел, денеска изјави дека украинската контраофанзива на Курск нанела „сериозен удар“ на воениот наратив на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Франс прес.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Борел, како што објави Франс прес, повика на укинување на ограничувањата за употребата на оружјето од Киев доставено од Запад во Русија.

Коментарите на Жосеп Борел дојдоа два дена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повтори својата молба до земјите партнери да им дозволат да користат оружје со долг дострел во нападот врз Русија за да го запрат напредувањето на руските сили во источна Украина.

Во објава на мрежата Икс (поранешен Твитер) по разговорот со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеб, Борел ја опиша украинската офанзива на Курск како „сериозен удар за наративот на рускиот претседател Путин“.

Тој повтори дека е за „отстранување на ограничувањата за користење на капацитетите против руската армија која е вклучена во агресија против Украина, во согласност со меѓународното право“.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност тврди дека тоа „ќе ја зајакне самоодбраната на Украина“, ќе спаси животи и ќе ги унапреди напорите за мир.

Борел рече дека ова прашање ќе биде на дневен ред на состаноците на министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ, што ќе се одржат на 29 и 30 август во Брисел, во присуство на Кулеба.

Две и пол години по почетокот на руската инвазија на Украина, Киев ја поврати иницијативата со испраќање војници во западниот руски регион Курск на 6 август, тврдејќи дека украинската армија зазела десетици населени места.

Епицентарот на конфликтот, сепак, пишува Франс прес, останува источниот дел на Украина, каде што подобро опремената руска армија продолжува да напредува и во последните денови зазеде неколку градови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ