Борел разговараше со министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир-Абдолахиан, „за да му изрази сочувство по страшните експлозии во Керман, во кои загинаа десетици цивили“.
„Силно го осудив овој терористички напад и изразив солидарност со иранскиот народ“, изјави Борел на социјалните мрежи.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но политичкиот советник на иранскиот претседател ги обвини Израел и САД. Стејт департментот рече дека секоја сугестија за вмешаност на САД или Израел во нападот е „апсурдна“. Израелските власти не го коментираа нападот.
Во нападите во Иран вчера, на четвртата годишнина од смртта на генералот Касем Сулејмани, загинаа 95 лица, објавија државните ирански медиуми.