недела, 20 октомври 2024
Осудениот доби прекин на издржување на затворската казна

Боки 13 е пуштен од затворот во Идризово

Објавено на

часот

Сподели

„По однос на прашањето за кое пројавувате интерес, како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на издржувањето на казна затвор за осуденото лице Бојан Јовановски и истата е доставена до осуденото лице. Ваквата одлука иако е задоцнета истата е за поздравување како законита, правична и пред се хумана, донесена врз основа на две последователни позитивни мислења од надлежниот Јавен обвинител во рамки на иста постапка и врз основа на комплетната медицинска документација за здравствената состојба на осуденото лице“, посочува Туфегџиќ за „Скопје1“.

Jовановски беше осуден на затворска казна за случајот „Рекет“, а неговите адвокати неколку пати до сега повикуваа да му се прекине казната, бидејќи здравјето му е влошено и дека во затворот не може да биде соодветно лекуван. Осуден е за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ