Компаниите членки на комората даваат свој придонес за подобрување на бизнис климата и отстранување на политичките бариери меѓу двете држави, за уште поуспешно деловно поврзување на бизнис секторот.
На Собранието се обрати и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Жељаско Радуков, кој изрази недвосмислена поддршка за подобрувањето на економската размена меѓу двете држави и укажа на важноста на поврзувањето на луѓето и бизнисите од двете земји.
Собранието на Македонско-бугарската стопанска комора ја одобри програмата за работа за периодот 2024/2025, беа усвоени извештаите за 2023/2024, а беа избрани и нови членови на Управниот и Надзорниот Одбор на МБСК.
На редовното годишно Собрание на Македонско-Бугарската Стопанска Комора присуствуваа и претставници на дипломатскиот кор во Македонија.