четврток, 21 ноември 2024

Без одобрение за градба се гради во јадрото на струшката чаршија, обвинува Левица

Во самото јадро на старата струшка чаршија, кај поранешниот клуб  „Холивуд“, интензивно се вршат градежни активности, без поставена информативна табла согласно Законот за градење, реагираат од Левица. Оттаму изразуваат сомнежи дека се узурпира државен имот и дека инвеститорот воопшто нема одобрение за градба.

Објавено на

часот

Сподели

„Старата струшка чаршија постојано е под напад на урбанистичката мафија и нејзиниот лик е целосно променет, додека надлежните инспекторати никаде ги нема на терен! Ги повикуваме советниците во Советот на општина Струга од ВМРО ДПМНЕ О.К Струга и СДСМ Струга да реагираат за конкретниот објект и да побараат информација дали воопшто инвеститорот има одобрение за градба. Левица ќе поднесе иницијатива за вонреден инспекциски надзор со цел да се констатира фактичката состојба на терен. Дополнително, ќе алармираме и до државниот правобранител за сомнежите дека се узурпира државен имот во срцето на струшката чаршија“, се вели во реакцијата на Левица.

Од партијата јавно прашуваат дали и новата власт ќе го дозволи дивеењето на урбанистичката мафија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ