петок, 18 октомври 2024

Бетфер ќе работи за ИОК

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за олимпизам на Британија, Хју Робертсон, изјави дека интегритетот на Игрите е сериозно загрозен поради енормното зголемување на илегалните обложувања, кои водат кон лажирања на резултатите. Бетфер објави дека потпишале меморандум за соработка со ИОК и оваа компанија ќе осигури транспарентни и сигурни облози за спортските настани.

Бетфер ги следи низ посебен систем сите можни обложувања и врз база на специјален софтвер може да идентификува сомнителни облози и превентивно да реагира. Претседателот на ИОК, Жак Рог, одамна изјави дека опасноста од илегалните обложувања може да ги отруе Игрите и дека заедно со допингот се двата огромни проблеми на модерниот спорт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ