Таа рече дека Бајден е цврсто посветен на победата над републиканскиот поранешен американски претседател Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.
„Тој е апсолутно посветен на тоа“, изјави О’Мали Дилон во интервју за Ем-ес-ен-би-си.
Шефицата на изборниот штаб истакна дека загриженоста што ја изразуваат луѓето мора да се сфати сериозно, но дека начинот да се надмине е да се вратиме на работа за да го победиме Доналд Трамп.
О’Мали Дилон, исто така, рече дека Бајден ќе биде поддржан од „значајна национална организација“, но не наведе други детали.
„Дефинитивно видовме пад на поддршката, но тоа беше мал пад“, нагласи таа, додавајќи дека Бајден мора да покаже дека се бори за американскиот народ.