Забраната, чија цел е да ја намали прекумерната употреба на социјалните мрежи и влијанието врз физичкото и менталното здравје на децата, важи за платформите на социјалните медиуми вклучувајќи ги Икс, Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Снепчет и Редит, но не и Јутјуб.
Законот, за кој се очекува да стапи на сила во ноември 2025 година, поставува некои од најстрогите контроли на социјалните мрежи во светот и ќе ги примора платформите да обезбедат механизам за проверка на возраста.
Платформите самите ќе бидат надлежни за спроведувањето на законот, и имаат една година да смислат како да ја проверат старосната граница. Ако дојде до пропуст можат да добијат казни до 50 милиони австралиски долари (33 милиони американски долари).
Анкета на Југов објавена во вторникот покажа дека 77 отсто од Австралијците ја поддржуваат забраната, во однос на 61 отсто во август.
Гугл и Мета, кои се сопственици на Фејсбук и Инстаграм, во вторникот ја повикаа Австралија да го одложи усвојувањето на законот, со изговор дека им е потребно повеќе време за да се процени потенцијалното влијание на забраната. Бајтденс, кинеската компанија која е сопственик на Тикток, исто така кажа дека се потребни дополнителни консултации.
Илон Маск, сопственикот на Икс, ја критикуваше забраната минатата недела како „заткулисен начин на контрола на пристапот до интернет за сите Австралијци“.