среда, 27 ноември 2024

Авион се урна на југот на Чиле, загинаа пилотот и сите шест патници

Седум лица загинаа кога авионот со кој патувале се урна во регионот Ајсен на крајниот југ на Чиле, соопшти денеска чилеанската Генерална дирекција за цивилна авијација.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Контактот со авионот бил изгубен откако тој полетал од аеродромот во Којхаике во петокот наутро во правец на градот Чиле Чико во Чилеанска Патагонија, пренесува Асошиејтед прес.

Пајпер ПА-31 Навахо бил во сопственост на Транспортерс Аерос Сан Рафаел.

Станува збор за авион со два мотори со патничка кабина што често го користат регионалните авиокомпании.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ