сабота, 28 септември 2024

Асанж слета на територија на САД

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж допатува на територија на Соединетите Американски Држави на Северните Маријански Острови, каде треба формално да ја признае вината за кршење на американскиот закон за шпионажа, во договорот кој треба да му овозможи да се врати дома во Австралија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Асанж утре би требало да постигне договор со американското правосудство, а, како што наведоа американските обвинители, се согласил да ја признае вината по една точка од обвинението за заговор за набавување и објавување доверливи документи на американската национална одбрана.

Викиликс претходно објави дека Асанж излезе од британскиот затвор и замина од Британија, откако обвинителите во САД изјавија дека тој оваа недела треба да ја признае вината за кршење на американскиот закон за шпионирање.

Австралискиот новинар првично беше уапсен во Британија во 2010 по налог на шведските власти поради обвинувања за силување, кои подоцна беа повлечени.

Тој се скри во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде остана седум години, за да избегне екстрадиција во Шведска, и евентуално во САД.

Тој беше насилно извлечен од амбасадата на Еквадор во 2019. Од тогаш беше затворен во лондонскиот затвор Белмарш со најсилно обезбедување, од каде речиси пет години се бореше против екстрадиција во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ