четврток, 10 октомври 2024

Бајден му нареди на Пентагон: Прилагодете ги позициите на американската војска на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џо Бајден му нареди на Пентагон „да ја процени и прилагоди по потреба положбата на американските сили“ на Блискиот Исток, соопшти вчера Белата куќа, по израелските напади врз Бејрут, за кои Израел рече дека биле насочени кон милитантите на либанскиот Хезболах.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во израелските напади во Либан загинаа стотици луѓе во последните денови и ги поттикнаа стравувањата од сеопфатна регионална војна. Вашингтон ја задржа силната воена поддршка за својот сојузник додека неуспешно повикува на прекин на огнот во Газа и Либан.

„Бајден му нареди на Пентагон да го процени и, доколку е потребно, да го прилагоди ставот на американските сили во регионот за да го подобри одвраќањето, да обезбеди заштита на силите и да поддржи низа цели на САД. Тој, исто така, го упати својот тим да се погрижи американските амбасади во регионот да ги преземат сите соодветни безбедносни мерки“, соопшти Белата куќа.

Бајден во петокот беше информиран „неколку пати“ за Блискиот Исток, информирана беше и потпретседателката Камала Харис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ