Лео Меси поради повреда не играше на овој натпревар, па Дибала го доби дресот со бројот 10.
Во првото полувреме немаше погодоци, отпорот на Чиле беше скршен по три минути игра во вториот дел кога Мекалистер погоди за водство од 1-0.
Тој резултат беше актуелен до 84. минута кога Алварез зголеми на 2-0 и веќе го реши прашањето за победникот.
Точка на мечот стави Паоло Дибала со гол во 91. минута.
PAULO DYBALA WHAT A GOAL!! 😍😍😍😍
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) September 6, 2024