вторник, 19 ноември 2024

Арбериа дизајн редовно ги добива тендерите на кадрите на ДУИ

Објавено на

часот

Сподели

Во последните три месеци Арбериа дизајн доби четири тендери од државни институции предводени од кадрите на ДУИ –  тендер на Комисијата за хартии од вредност каде претседателка е Нора Алити, поранешна пратеничка на ДУИ, тендер на Министерството за надворешни работи со кое раководи потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, тендер на Државна лотарија на чие чело е Перпарим Бајрами, поранешен шеф на кабинет на Артан Груби и тендер на универзитетот Мајка Тереза.

Само спогодбата на Арбериа дизајн со Државна лотарија „тежи“ околу 290 илјади евра за период од 12 месеци, а нејзин предмет се „услуги од маркетинг агенција за ребрендинг на корпоративен бренд и рекламна кампања“.

Фирмата Арбериа дизајн стана позната во јавноста како еден од најголемите добавувачи на Министерството за образование, пред сè, во печатењето учебници, свидетелства и друг училиштен материјал, за што добиваше милионски договори во изминатите години, пишува 360степени.мк.

„Арбериа дизајн“, чиј сопственик е Хамди Хамзаи, во 2022 година имала приходи од околу 195.000.000 денари или 3.200.000 евра. Од нив, околу 102.000.000 денари односно 1.660.000 евра биле чиста нето добивка. Тоа е 52 отсто од приходите што е исклучително високо ниво на профитабилност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ