среда, 18 септември 2024

АМСМ: На Табановце за излез од Македонија се чека чеитиресетина минути

На граничниот премин Табановце за излез од Македонија се чека 40 минути, информираат од Авто мото сојузот на Македонија – АМСМ. Зголемена фреквенција на возила кои ја минуваат границата и влегуваат во Србија покажува камерата на српскиот граничен премин Прешево.

Фото: Состојба на граничниот премин Прешево

Објавено на

часот

Сподели

На останатите гранични премини за влез и излез од Македонија нема подолги задржувања, велат од АМСМ.

АМСМ информира декасообраќајот на државните патишта се одвива непречено, со зтголемена фреквенција и по суви коловози.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ