Според новото издание на истражувањето на државните медиумски сервиси АРД/ЗДФ денес 73 отсто од Германците постари 14 години редовно следат телевизиска програма.
Притоа, „редовно“ значи најмалку еднаш неделно. Податокот укажува на постојан пад на интересот. Во 2021 и 2022 уделот на младите кои следат ТВ програма бил 81, односно 79 отсто.
Разликите според старосната група се огромни. Така во најмладата група, од 15-29 години, само 48 отсто редовно вклучуваат телевизија.
Во средната генерација, од 30-49 години старост, тоа го прават 61 отсто, а во старата, од 50 до 69 години, 87 отсто. Меѓу најстарите граѓани, со најмалку 70 години, телевизиска програма следат 95 отсто.
Состојбата е целосно обратна во поглед на консумацијата на содржини на интернет.
Уделот на корисници во најмладата група е 78 отсто, а меѓу најстарите 10 отсто.
Ова се само два сегменти на редовната, обемна студија на медиумската консумација во Германија. Истражувањето за студијата, односно анкетата на 2.500 граѓани постари од 14 години, ја објави маркетиншкиот институт ГИМ.