петок, 4 октомври 2024

Курти: Да за Заедница на српски општини, но само во рамки на нормализација на односите со обострано признавање

Премиерот на Косово Аљбин Курти изјави дека прифатил формирање на Заедница на српски општини (ЗСО), но под услов да бидат исполнети сите обврски преземени со Договорот за нормализација на односите со Србија и Охридскиот анекс, вклучувајќи заемно признавање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој во документарецот на Ал џезира „Косово: создавање држава“ кажа дека формирањето на ЗСО го „наследил“ од претходните влади на Косово и дека заедницата сега е „дел од основниот договор“.

„Членот 7 вели дека српската заедница мора да има самоуправа. Од друга страна, членот 10 вели дека сите претходно потпишани договори мора да бидат спроведени. Така што тоа не го негирам. Меѓутоа, само во рамки на пакет за нормализација на односите на Косово и Србија со обострано признавање“, кажа Курти.

Тој кажа дека не може да се земе само еден договор и да се постави пред основниот, бидејќи, како што оцени, тоа не е шведска маса.

„Како пакет кажав „да“ за ЗСО“, кажа косовскиот премиер.

Тој додаде дека не е само премиер на косовските Албанци и оцени дека кон Србите на Косово постои „позитивна дискриминација“ во поглед на правата кои ги имаат.

„Ние имаме 93 отсто албанско население, но јас не сум само премиер на Албанците. Имаме четири отсто Срби и три отсто останати малцинства“, кажа Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ