Софија го правда потегот на нивниот амбасадор Жељазко Радуков кој одби да ја прими протестната нота на македонското МНР, поради неистакнувањето на македонското знаме.
Од Софија изразуваат и жалење што и покрај тоа што при посетата на Софија била испратена покана за средба помеѓу министрите за надворешни работи на двете земји, средбата ја одбил македонскиот министер Тимчо Муцунски.
Од македонско МНР велат дека понудениот термин со неговиот бугарски колега бил во исто време со средбата помеѓу двајцата престедатели, а министерот Муцунски како дел од делегацијата на Сиљановска-Давкова сметал дека е поважно да присуствува на средбата кај Радев.