Жртви на експлозиите се претежно членови на проиранската група Хезболах. Таа милитантна група во соопштение за детонациите го обвини Израел и наведе дека тој ќе биде „праведно казнет“.
Функционери кажаа дека лидерот на Хезболах Хасан Насралах не е повреден во експлозиите.
Многумина се прашуваат зошто Хезболах во 2024 година користи пејџери за комуникација.
Се чини дека групата го преферира застарениот метод на комуникација токму поради тоа што не станува збор за најнова технологија. Лидерот на Хезболах Насралах претходно ги предупреди членовите на групата да не носат мобилни телефони за Израел да не ги користи за следење на нивното движење.
Од друга страна, пејџерите теоретски не претставуваат таков ризик.
„Хезболах беше многу внимателен со своите комуникации, свесен дека разговорите преку мобилен телефон можат лесно да се хакираат и следат – пејџерите се сметаат за ниска технологија и алтернатива потешка за инфилтрација“, пишува Скај њуз.