Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17 часот пред храмот „Рождество на пресвета Богородица“. Потоа ќе следи празнична вечерна богослужба, по што ќе се изврши литија со иконата низ центарот на Скопје.
В сабота ќе се отслужи света архијерејска литургија, на која ќе началствува неговото блаженство архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на
архијереи и свештенослужители на Македонската Православна Црква–
Охридска Архиепископија и гости“, се вели во известувањето на Скопската епархија.