„Волшебниците“ од Вашингтон синоќа на домашен терен загубија во пресметката со Њујорк никс (96-99), што за нив беше седми пораз во исто толку натпревари во новата НБА-сезона. Најзаслужен за победата на „никси“ беше Кармело Ентони со 37 поени, седум скока и четири асистенции, а одличен беше и Амаре Стадемаер со 23 поени и 12 скока. Најдобри во поразениот тим беа Ник Јанг и Џон Вол со 24, односно 22 постигнати поени.
Предводен од феноменалниот Коби Брајант, кој постигна 39 поени заедно со седум асистенции и четири скока, тимот на ЛА лејкерс дојде до триумф над Голден стејт вориорс (97-90) и 50-отстотен учинок во новата сезона од четири победи и исто толку порази.
РЕЗУЛТАТИ: Торонто – Њу Џерси 85-97, Филаделфија – Детроит 96-73, Вашингтон – Њујорк 96-99, Шарлот – Атланта 96-102 (пр.), Бостон – Индијана 74-87, Орландо – Чикаго 83-97, Њу Орлеанс – Денвер 88-96, Оклахома – Хјустон 109-94, Минесота – Кливленд 87-98, Јута – Мемфис 94-85, Феникс – Портланд 102-77, ЛА Лејкерс – Голден Стејт 97-90.
[video:http://www.youtube.com/watch?v=o4TxfbSkck0]