среда, 27 ноември 2024

Американска војска: Убивме водач на група поврзана со Ал каеда

Американската војска соопшти дека извршила напад во Сирија во петокот во кој е убиен водачот на група поврзана со Ал каеда.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Цел на нападот бил Абу-Абд ал-Рахман ал-Маки, висок водач на групата Хурас ал-Дин (исто така позната како Чувари на религијата) поврзана со Ал каеда, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.

Нападот со беспилотно летало го изврши коалицијата предводена од САД, формирана пред многу години за борба против милитантната група Исламска држава, според Асошиејтед прес.

Се наведува дека Ал-Маки бил „одговорен за надзор на терористичките операции од Сирија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ