недела, 20 октомври 2024

Алтернативните казни значат поголем простор за општокорисна работа, вели Стојановиќ

Објавено на

часот

Сподели

Јовица Стојановиќ в.д. директор на Управата за извршување на санкции вели поголемата примена на алтернативните казни значи дека во казнениот систем ќе има простор повеќе да се изрекуваат општокорисна работа и други алтернативни казни кои се опфатени во Законот за пробација.

„Со тоа што би се довело до едно трајно намалување, решение за непреполнување на затворскиот систем, кој во моментот е преполн“, вели Стојановиќ.

Алтернативни мерки се даваат за полесни кривични дела, но судовите кои се дел од штипското Апелациско подрачје се со нула вакви мерки, вели судијата Билјана Коцевска.

Таа истакна дека целта на казнувањето може да се постигне и со изрекување алтернативни мерки и тенденција е ваквите мерки да се користат почесто.

„Покрај условната осуда се изрекува и заштитен надзор, од случај до случај е различно, дали некој што нема работа да најде работа, или доколку е некој зависник треба да се лечи, доколку е насилник во тој случај се упатува во прв семеен центар. Тоа се критериумите врз основа на кои ги определуваме овие мерки за заштитен надзор“, рече Коцевска.

Праксата покажува дека ефектот од изречени условни санкции со заштитен надзор е голем, ама потребно е вакви санкции да се изречуваат од сите судови, а не само од Кривичниот суд посочува Коцевска. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ