Ваквата изјава на Алкараз доаѓа по неговата победа над Григор Димитров со 6-4 и 6-4 на турнирот во Квинс. Тоа беше само трет негов настап на трева.
„Ова дефинитивно беше мојот најдобар меч на трева. Позрел сум, а кога ќе стекнам поголемо искуство, сигурно ќе бидам уште подобар“, вели Алкараз.
„Се обидувам да учам од најдобрите на трева и имам чувство дека напредувам. Сигурен сум дека барем еднаш во кариерата ќе го освојам Вимблдон“.
Оваа година Вимблдон се игра од 3. до 16. јули.