Алаба нема настап од минатиот декември и требаше да се врати во текот на овој месец меѓутоа ситуацијата се искомплицирала. Иако подолго време паузира големо изненадување е објавата на медиумот „Онда Серо“ кој пренесува дека 32-годишникот би можел и да ја заврши кариерата.
„Постојат стравувања дека Алаба нема да се врати на фудбалот. По секој тренинг чувствува силна болка затоа што му е истрошена рскавицата на коленото и поради тоа доаѓа до триење на двете коски“, пишува медиумот.
За Реал Мадрид Алаба последниот настап го запиша на 17 декември кога неговиот тим играше против Виљареал.