петок, 18 октомври 2024

Академија Пандев станува Брера и ќе биде столбот на италијанските инвеститори

Објавено на

часот

Сподели

Брера Струмица треба да биде главната база на новите газди за продажба на фудбалери во Европа. Амбицијата е во следната сезона пласман на едно од првите три места на табелата и излез во Европа.

„Брера Струмица е за нас стратешки клуб и прв прволигашки клуб во Европа, јадро за пазарот на светскиот фудбал. Затоа ние правиме напори за брзо да го вратиме клубот на водечките позиции“, рече Серџо Скалпели, извршниот директор на „Брера Холдингс“.

Во наредниот период струмичкиот клуб треба да ја објави новата раководна структура, новиот тренер како и новите засилувања кои ќе треба да го подигнат клубот на повисоко ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ