ФА имаше покренато процес против Ајван Тони поради прекршување на правилата за обложување. Строго забрането е фудбалерите да се обложуваат.
Денеска е изречена казната за напаѓачот, тој е суспендиран на осум месеци, суспензијата започнува веднаш.
Дополнително ќе треба да плати и парична казна од 50.000 фунти, плус доби опомена дека во иднина не смее да му се повтори грешката.
Тони оваа сезона играше во одлична форма, со 20 погодоци е на третото место на листата на стрелци во Премиерлигата.