понеделник, 28 октомври 2024
Никој не им одговорил на дописите

АХВ 40 дена молчи за безбедноста на храната во државава, обвинува Ивановски

Оливер Ивановски, член во Кабинетот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со изјава ги повика министерот Љупчо Николовски и в.д. директорот Николче Бабовски да одговорат на четиринаесет дописи кои што се доставени до Агенцијата за храна и ветеринарство, а се поврзани со безбедноста и квалитетот на храната во државава.

Објавено на

часот

Сподели

„На 15 –ти февруари 2024 година преку Кабинетот на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски се доставени 14 дописи до Агенцијата за храна и ветеринарство поврзани со безбедноста на храната. Поради не проследување на информации и нетранспарентност од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се доведува во прашање колку е функционален системот за безбедност на храна односно дали граѓаните во Република Македонија консумираат безбедна храна?“, изјави Ивановски.

Во изминатата година во повеќе наврати Трипуновски и неговиот тим алармираа за увоз на зеленчук со зголемено присуство на пестициди, тешки метали со штетни и трајни последици по здравјето на граѓаните, но и за увоз на млеко и млечни производи со зголемено присуство на канцерогени афлатоксини.

„Министерот Љупчо Николовски, Агенцијата за храна и ветеринарство и в.д. Директорот Николче Бабовски се нетранспарентни и ги кријат информациите од граѓаните и се директно најодговорни за руинирање на институциите кои се најповикани за безбедноста на храната. Институциите мора да ја  информираат јавноста за безбедноста на храната и дали храната на полиците во маркетите е безбедна по здравјето на граѓаните“, дополни Ивановски.

Како што претходно објавивме, во зеленчук во Македонија беа најдени штетни хемикалии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ