петок, 8 ноември 2024

Пелистер донесе сериозно засилување од Египет, ракометар кој има трофеј во ЛШ

Во Битола пристигна египетскиот репрезентативец, Мохамед Мамадук кој стави потпис на договор со Еурофарм Пелистер.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер претходно го најави ангажманот на Мамадук, а од денеска тој и официјално е во редовите на битолскиот тим.

Тој во Пелистер доаѓа од Кувајт, додека во Европа најмногу се истакна во Монпелје и ДИнамо Букурешт.

Мамадук е играч кој игра на позицијата кружен напаѓач, за Египет има повеќе од 200 настапи.

Новото засилување на битолчани може да се пофали и со трофеј од Лигата на шампионите, во 2018 триумфираше со Монпелје. Со екипата на Ал-Џаиш ја освои и азиската Лига на шампиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ