понеделник, 11 ноември 2024

Трајановски уверува дека до крaјот на годината ќе се решат околу 2.400 предмети за експропријација на имоти долж коридорот 8

Eкспропријацијата на имотите низ кој треба да поминува автопатот долж коридорот 8 е во тек, досега е завршена половината, а остануваат уште околу 2.400 предмети, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта Коце Трајановски кој не можеше да потврди дали рокот за изградба ќе биде запазен. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во секторот транспорт ќе бидат одвоени 2,4 милијард денари преку владиниот повик за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти и очекува вкупната бројка за кои опшините што апицираа заедно со дополнувањето на повикот да изнесува над 350.

Објавено на

часот

Сподели

„До Нова година ќе ја завршиме епскпропријацијата целосно, а тоа ќе овозможи Бехтел и Енка да работи непречено. За еден месец, расчистивме и два километри траса од дрвна маса, кој не била ни отпочната. Важно е дека работиме како тим и посветено за да се заврши овој проект“, рече Трајановски.

За претседателот на Владата Христијан Мицкоски ова е значаен момент, бидејќи како што рече после две години ветувања и празни муабети денес конечно може да се види дека Македонија е држава домаќин на три крстосници.

„Тоа е крстосница, транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сè како претседател на Владата да стане и реалност. Ние сме земја којашто за жал не излегува на море и тоа некој може да го смета како недостаток, но ние треба да сме умни и тој недостаток да го направиме во наша предност, бидејќи сме природна крстосница на два многу значајни коридори, коридорот 8 и коридорот 10“, рече Мицкоски.

Тој оцени дека изминативе четири месеци како Влада и три месеци како раководство во ЈПДП е направено двојно па дури тројно повеќе, споредено со две години претходно. Мицкоски посочи дека ваквата состојба произлегла и од преговорите кои со раководството на компанијата Бехтел започнаа уште при неговата посета на Вашингтон, на Самитот на НАТО.

„Така што, уште еднаш сакам на сите да им се заблагодарам за учеството, за придонесот во изминативе би рекол ефективни три месеци. Тоа се луѓето пред сè во Јавното претпријатие за државни патишта коишто го координираат целиот овој процес заедно со луѓето од конзорциумот Бехтел и Енка и раководствата на општините низ коишто ќе поминуваат овие коридори“, потенцира премиерот.

Според министерот за транспорт и врски, Александар Николоски станува збор за исклучителен проект и прв од ваков обем по педесет години станува збор за комплетно ново решение од двете страни по три ленти вкупно шест ленти и плус помошен пат.

„Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над река Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во претселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради“, изјави министерот Николоски.

Споре него овој автопат ќе значи поврзување на Скопје со Охрид и Струга и патувањето ќе трае до еден час и половина.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер, напомена станува збор за доказ од одличното партнерство меѓу САД и Македонија.

„Ова е во корист на граѓаните, ќе помогне на трговијата, на инвестициите, а кога други компании, вклучително и големи американски компании ќе гледаат проекти како овој, тоа ќе биде доказот што име потребен, за да знаат дека инвестирањето има смисла, бидејќи може да напредувате“, рече амбасадорката Агелер.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во секторот транспорт ќе бидат одвоени 2,4 милијард денари преку владиниот повик за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти и очекува вкупната бројка за кои опшините што апицираа заедно со дополнувањето на повикот да изнесува над 350.

„Во целост со оние проекти коишто очекуваме да бидат дополнети до 15 ноември ќе ја заминеме бројката 350, минус една општина која што за жал конкурираше само со проект што е во фаза на изградба со избран изведувач и тука ние не можеме ништо да направиме. Жалам што така одлучи раководството на таа општина и градоначалникот. Ќе има нови улици, водоводи, канализации, булевари, навистина ќе биде нешто што досега не се случило, епски проект.  Она кое што им е битно на граѓаните. Наш интерес се граѓаните. Ние работиме за нив, не работиме како што работеше претходната разбојничка влада на СДСМ и ДУИ да го гледа својот интерес, па сега во опозиција ќе си пишуваме писменца, туку работиме за интересот на граѓаните. Тоа е она што е наш фокус. Ние не го губиме времето во пишување писменца, туку во работа и така ќе продолжиме“, одговори Мицкоски на новинарско прашање, по резултатите од владиниот јавин повик врз основа на кој вчера беа потпишани договори со општините за 274 проекти за капитални инвестиции во вредност од 4,1 милијарда денари.

Со инфраструкктурни проекти од областа на транспортот финансиска поддршка ќе добијат општините Берово, Аеродром, Битола, Брвеница, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Врапчиште, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Ѓорче Петров, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карпош, Карбници, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше и други.  Ппроектите се однесуваат на инвестиции во локалната патна мрежа, коловози, патеки, пристапни улици….

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ