петок, 26 јули 2024
Пратката е вратена на хрватската граница

Опасен пестицид најден во зеленчук од Македонија

Во зеленчук во Македонија се најдени штетни хемикалии, известува европскиот состав за брзо предупредување во промет, пренесува даница.хр. Станува збор за мешана салата која во камион стасала на хрватската граница и била наменета за хрватскиот пазар. Но, испитувањата на примероците откриле штетен пестицид клорпирифос, па салатата е вратена во Македонија. Во примероците кои веднаш се анализирани откриено е 0,055 мг/кг клорпирифос во салатата. Дозволената доза на тој пестицид во храната според Европската Унија е нула.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Пред неколку дена истиот пестицид е откриен во свежи моркови од Македонија. Клорпирифос од 2020 година забранет за употреба на подрачјето на земјите од ЕУ заради генотоксичен потенцијал и развојната нетоксичност кај цициачите. Бројни здравствени студии покажале дека изложеноста на клорпирифос може да влијае на невролошкиот развој на децата и да напарави штета уште додека децата не се родени.

Се поврзува со пореметување и развој на мозокот, хиперактивност, заостанување во раст, смалување на интелигенцијата…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ