Низ социјалните мрежи се прошири видео од масовна тепачка пред Мекдоналдс во загрепската населба Дубрава. Конфликтот наводно се случил синоќа околу 20 часот, а во тепачката учествувале доставувачи на две служби за достава на храна.
На видеото се гледа како десетина доставувачи се удираат со тупаници и шлемови.
Полицијата синоќа изврши увид на местото на тепачката.