Подобор од членство во ЕУ не можеме ништо друго да направиме за нашите граѓани, тие тоа го заслужуваат, затоа врвен приоритет треба да биде носењето на уставните измени и продолжувањето по патот кон Унијата, наглси Ахмети.
„Затоа приоритетно е прашањето како да се постигне договор за уставните измени и одржувањето на меѓувладината конференција, што треба да се одржи на крајот на оваа година. Изборите не нудат решение па затоа, наместо да се губи време во разговори на таа тема, треба да се нагласи дека избори ќе имаме во нивниот редовен термин, напролет следната година“, рече Ахмети одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста во Сарај.
Тој на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој деновиве секојдневно дава изјави со кои бара лидерсска средба, му порача дека за тоа навистина нема потреба но и му испрати уште една порака:
„Ако ви пречи ДУИ во раководењето со државата, тогаш гласајте за уставните измени, ДУИ ќе се повлече од Влдата“: