Во постот објавен на социјалната мрежа Икс, се посочува на ситуацијата во Газа.
🔹@UNFPA reports 50,000 pregnant women in #Gaza and 4,000 deliveries expected next month. 15,000 face famine risk
🔹Heavy rains and limited aid worsen conditions for Gaza’s displaced
🔹2024 is the deadliest year for humanitarians (281 deaths, most UNRWA staff in Gaza) per… pic.twitter.com/upzkqHIjOH— UNRWA (@UNRWA) November 28, 2024
Се наведува дека во Газа има околу 50.000 трудници и дека само следниот месец се очекуваат 4.000 породувања.
„Околу 15.000 од нив веројатно ќе бидат на раб на глад“, предупредуваат од УНРВА.
Во соопштението се истакнува дека обилните дождови и ограничената помош ја влошиле ситуацијата на раселените во Газа.
Наведено е и дека 2024 била „најсмртоносната година за хуманитарните работници“, со 281 смртен случај во целиот свет, од кои повеќето персонал на УНРВА во Газа.