вторник, 26 ноември 2024

8 Април ќе биде неработен ден за Ромите во Македонија

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април (понеделник), е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството на припадниците на ромската заедница во Македонија им го честитаат Меѓународниот ден на Ромите

Меѓународен ден на Ромите е ден на прослава на ромската култура и подигање на свеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите. Денот службено бил прогласен во 1990 година во Сероцк, Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромските претставници кој бил одржан во Чесфилд крај Лондон од 7 до 12 април 1971 година. На тој конгрес била донесена одлука за ромската химна за која била избрана песната Ѓелем, ѓелем и одлука за знамето за кое била одбрана сино-зелена двобојка со црвена точка во средината, симбол на напредокот и движењето, но и миграција на Ромите во текот на историјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ