сабота, 28 септември 2024

Звјездан Ружиќ и Влатко Стефановски го отворија 45. „Скопско лето“

Со настапот на повеќенаградуваниот хрватски пијанист и композитор Звјездан Ружиќ синоќа во Куршумли ан беше отворено јубилејното 45-то Скопско лето. Изненадување за посетителите беше настапот на Влатко Стефановски кој заедно со Ружиќ изведоа една негова авторска композиција, а ја изведоа и антологиската македонска песна „Елено ќерко“.

Објавено на

часот

Сподели

На неговиот роденден, на Светскиот ден на музиката, Звјездан Ружиќ и неговиот проект „Пијанотрон“ ја почестија публиката во Скопје со вечер за паметење, велат од организаторот, Дирекцијата за култура.

„Пијанотрон е комбинација од пијано, мелотрон и педали на кои Звјездан свири. Тој го опишува Пијанотрон како еден вид на филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музиката. Отворањето на 45-то издание на фестивалот Скопско лето, со својата оригиналност, специфичност и квалитет, како настан ќе остане врежан во колективната меморија на присутните скопјани, но и на сите оние кои се нашле во Скопје и решиле токму оваа топла вечер да ја поминат токму овде, во Куршумли ан, сместени помеѓу содржините на Скопско лето“, велат од Дирекцијата за култура.

И оваа година, додаваат оттаму, на ова јубилејно издание, преку кое, полека се доближуваме кон половина век постоење на манифестацијата, ќе имаме можност, скопските летни вечери да ги поминуваме со културните настани предвидени во програмата кои веруваме, со истиот интензитет ќе остават траги во нашите сеќавања, како и оние, сите изминати години наназад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ