недела, 13 октомври 2024

МВР го потврди инцидентот во кој беше нападнат Сејдини

Синоќа физички беше нападнат претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој минал без посериозни повреди.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдија инцидентот. За разлика од првичните информации кои беа дека Сејдини бил нападнат од маскирани лица, тој за МВР изјавил дека напаѓачите не носеле маски.

„На 27.09.2024 околу 18.40 часот М.С. (55) од Кичево, пријавил дека пред угостителски објект во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои при нападот немале маски на главите, по што се оддалечиле. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ