недела, 13 октомври 2024

Почнува фестивалот Звукот на Скопје

Овогодишното издание на фестивалот Звукот на Скопје почнува вечер во Кулпарк, пред Културно- информативниот центар (КИЦ), додека програмата со филмови и изложбите ќе се одржат во Салон 19:19 и галериите на КИЦ.

Објавено на

часот

Сподели

„Носечката манифестација на Културно-информативниот центар – Скопје Звукот на Скопје оваа година ќе се случи повторно во формат на еднодневен скопски летен фестивал на отворено, на кој ќе настапат актуелни и свежи локални музички имиња“, иформираат од КИЦ.

Во рамките на музичката програма ќе настапи овогодинешната победничка на „UpBeat – Best new talent award“ Зарина Првасевда и world music проектот Калевала (Dies Bona).

Визуелниот дел од програмата се состои од три изложби низ галериите на КИЦ и проекција на филмови. Во галериите на КИЦ (Империјал I, Империјал II и Продажен салон) ќе бидат отворени изложбата на фотографии „Портрети од темната комора“ од Зденко Петровски, изложбата на графики и слики „Во разговор“ од Петра Јовановска и Вит Павлик (Чешка) и изложбата на фотографии „Урбан пејзаж“ од Рафаел Ристовски.

„Звукот на Скопје значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснa во ново скопско музичко жариште. Звукот на Скопје значи и свеж здив во жешкото и долго скопско лето и обид за заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. Звукот на Скопје е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст“, велат организаторите на фестивалот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ