„Овој инцидент се случува во време кога владата се однесува како ‘бик во продавница за порцелан’, игнорирајќи ја и маргинализирајќи ја улогата на Албанците во јавниот и институционалниот живот и потценувајќи ја важноста на меѓуетничките односи. Ваквите постапки, кои доаѓаат во недела со серија други инциденти со етничка заднина, само дополнително ја влошуваат ситуацијата и создаваат опасна атмосфера за меѓуетничкиот соживот. Ако претседателот на ФФМ може да биде нападнат само поради неговата етничка припадност, како би се чувствувал обичен албански граѓанин за својата и безбедноста на своите деца? Ова е опасна порака која ја поткопува довербата на граѓаните во безбедноста и правдата на државните институции. Овој напад се случува и во контекст на голем неуспех во процесот на европска интеграција, што предизвика длабоко разочарување и ги затемни перспективите и надежите на нашите граѓани“, се вели во реакцијата на ДУИ.
ДУИ ги повикува органите на редот и правдата да реагираат брзо и професионално за да го расчистат овој криминален акт и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата.
„Исто така, бараме од владата сериозно да размисли за важноста на зачувувањето на меѓуетничките односи и да ги почитува принципите на правично и еднакво застапување на сите граѓани. Од друга страна, претставниците на Албанците во владата, кои немаат легитимитет за достојно претставување на нашата заедница, треба да престанат да се концентрираат на тендери и корупција и да се потсетат дека имаат одговорност кон Албанците. ДУИ останува посветена на промовирање на мирот, стабилноста и правичното застапување на сите заедници во земјата. Ниту еден чин на насилство, дискриминација или исклучување не може да го поткопа духот на соживот и правото на еднаквост што ние ќе продолжиме да го браниме по секоја цена“, додаваат од ДУИ.