недела, 6 октомври 2024

Израел презеде контрола над лет на аеродромот во Бејрут

Авион на иранската авиокомпанија Кешм Фарс од Техеран, најверојатно на пат за Либан или Сирија, направил пресврт над ирачкиот воздушен простор и се вратил, откако либанските власти објавија дека израелските сили ја презеле контролата врз летот во Бејрут, според податоците од локациите за следење летови, пренесува Тајмс оф Израел.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случи откако израелската армија (ИДФ) синоќа објави дека ќе спречи секаков обид на Иран да му пренесе оружје на либанскиот Хезболах, вклучително и негово доставување преку цивилниот аеродром во Бејрут, пишува Тајмс оф Израел.

Како што пренесуваат либанските медиуми, министерот за јавни работи и транспорт на Либан, Али Хамиа изјавил дека наредил ирански авион да не слета на аеродромот во Бејрут, како и да не влегува во либанскиот воздушен простор откако Израел ја презел контролата врз кулата за контрола на летање на аеродромот и предупреди дека ќе употреби сила доколку авионот слета во Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ