вторник, 26 ноември 2024

Златибор играше со шест кошаркари во поле, никој не примети (ВИДЕО)

На натпреварот од АБА2 лигата меѓу Борац Бања Лука и Златибор кој го добија домаќините со 93-90, се случи еден голем пропуст кој судиите не го забележаа.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на првата четвртина наместо со пет, Златибор неколку секунди играше со шест кошаркари.

Тоа не го забележаа ниту судиите, ниту делегатот, ниту противниците, а кога вишокот кошаркар сфати дека не треба да биде на теренот, си излезе сам.

Ова е голема повреда на правилата, но Борац не упати жалба по крајот на мечот бидејќи излезе како победник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ