среда, 20 ноември 2024

ЗК Пелагонија: Ги плативме обврските кон Бетон Штип, нема стечај

ЗК Пелагонија АД Битола ја плати својата обврска кон Бетон Штип, со што е отстранета причината за поведување на стечајна постапка, се вели во информацијата од земјоделскиот комбинат по објавата дека е пред стечај.

Објавено на

часот

Сподели

„Комбинатот продолжува со своето редовно работење и финализирање на есенската сеидба. Во моментов се посеани 6.500 ха есенски култури, што во услови на незапаметена суша во последните години е голем успех за сите вработени и за комбинатот, кој и покрај ниските приноси и финансиски приходи од пролетните култури, успешно ќе ја заврши сеидбата на пченица.

Сакаме да информираме дека последниве три години се соочуваме со голема суша, намалени приноси како резултат на климатските промени и екстремно ниски цени на земјоделските производи што не доведоа во ситуација да се соочиме со намалена ликвидност. Очекуваме дека во наредниот период ќе се зголеми свеста во Македонија за важноста на нашата дејност, производството на храна и дека и државата и банките ќе имаат посериозен пристап за помош и развој на оваа важна стопанска гранка“, се вели во соопштението на ЗК Пелагонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ