среда, 4 декември 2024

Трамп го гледаше новото лансирање на „старшип“ на Спејсекс, овој пат без враќање на дел од ракетата на Земјата (ВИДЕО)

Компанијата Спејсекс тестираше уште една ракета „старшип“, но овој пат не успеа да го врати ракетниот бустер назад на Земјата со помош на огромни роботски раце.

 

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вчерашното лансирање од Тексас го следеа и новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави и сопственикот на компанијата Спејсекс, милијардерот Илон Маск, кој го поддржа републиканскиот кандидат во претседателската кампања.

Сложениот маневар на враќање, кој оваа ракета треба да ја направи повеќекратно употреблива, беше успешен за време на претходниот пробен лет минатиот месец.

Сите критериуми за фаќање на бустерот не биле исполнети и директорот на летот не дал команда за враќање на местото на лансирањето, соопшти портпаролот на Спејсекс.

Ракетниот бустер „суперхеви“ паднал во Мексиканскиот залив, а ракетата „старшип“ по летот околу Земјата паднала во Индиски Океан.

Илон Маск се надева дека со ракетата „старшип“ за американската вселенска агенција НАСА ќе превезува луѓе на Месечината и Марс. За да се намалат трошоците, ракетата е направена така што може контролирано да слета на Земјата и повторно да се користи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ