Францускиот напаѓач кој игра во голема форма во Милан, Оливие Жиру и следната сезона ќе биде на Сан Сиро.
„Милан со гордост може да соопшти дека потпиша нов договор со Оливие Жиру“, стои во соопштението на клубот.
Договорот е на една година, а платата ќе му биде околу 3,5 милиони евра.