петок, 18 октомври 2024

Жесток напад врз Киев и Харков, експлозии и ранети (ВИДЕО)

Во серија руски ракетни напади врз Киев утринава се повредени 16 лица, од кои 15 се хоспитализирани, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

За време на рускиот воздушен напад се слушале експлозии во Киев, а властите известија дека како одговор биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Украинското воено воздухопловство соопшти дека главниот град бил нападнат со голем број проектили.

Кличко изјави дека тие биле повредени кога избувнал пожар во катна зграда во областа Соломенски по ракетен напад.

Тој претходно соопшти дека има 10 повредени лица, од кои девет се хоспитализирани.

Според Кличко, во областа Подолск биле оштетени инфраструктурен објект и гасоводна цевка, а некои делови од градот останале без струја, пренесува Интерфакс Украина.

Едно лице загина, а 22 се повредени во руските ракетни напади врз Харков, соопшти шефот на регионалната администрација Олех Синехубов.

Тој изјави дека централниот дел на Харков, особено областа Шевченко, бил цел на руските напади и дека биле оштетени станбени згради, помошни згради и цивилна инфраструктура.

Руските сили утрово извршија масовен ракетен напад врз Украина.

Путин вчера најави одмазда

Денешните напади врз Киев уследија откако рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека украинскиот напад врз Белгород „нема да помине неказнето“. Локалните руски власти соопштија дека во нападот на Белгород загинале 25 лица, меѓу кои и пет деца.

Нападот на Белгород уследи по масовните руски напади врз украинските градови во петокот, кога беа убиени повеќе од 40 луѓе. „Ќе ги засилиме нападите. Ниту едно злосторство против цивилите нема да остане неказнето, тоа е сигурно“, најави Путин за време на вчерашната посета на болницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ