вторник, 22 октомври 2024
Кривичен суд Скопје

Жан Митрев се изјасни за невин

Објавено на

часот

Сподели

На вчерашното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје се изјасни и застапничката на приватната клиника „Жан Митрев“ која рече дека во целост го одбива обвинителниот акт.

Во воведниот говор, обвинителката Искра Хаџи Василева кажа дека ќе докаже дека е сторено кривичното дело за кое постои обвинението.

Постои обвинение за сериозно кривично дело, а со неговото дејство има последици и правното лице. Тоа се фактите и не можете да ги извртите наспроти логиката. Обвинетиот сторил измама со умисла и ова обвинителство ќе го докаже тоа надвор од разумното сомневање“, рече обвинителката.

Одбраната воведен збор ќе има на следното рочиште, кое е закажано за утре.

Одбраната на Жан Митрев побара одложување на судењето поради тоа што, според нив, од листата на докази на јавниот обвинител недостасуваат 48 медицински досиеја за пациенти, од кои 27 кои обвинителството ги навело како оштетени.

Обвинителството во ова барање го оквалификувака како „неоправдано“, бидејќи, „одбраната првично ги доставила до Обвинителство“, а судот реши да не се одложи главната расправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ