понеделник, 4 ноември 2024

Три службенички од ЈСП за нецели три години проневериле над 370 илјади евра

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе против три службенички вработени во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопе кои ги товари за продолжено кривично дело проневера во службата.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Според Обвинителството, трите обвинети како соизвршителки, заеднички, како одговорни лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, присвоиле пари доверени во службата во вкупен износ од 23.133.245 денари , што претставува значителна имотна корист.

„Трите соизвршителки во периодот од 1 декември 2018 година до 5 август 2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики“, велат од Обвинителството.

Две од обвинетите кои биле продавачки на билети на билетарниците кај „Зелен пазар“ и во Градскиот трговски центар (ГТЦ) уплаќале помалку пари наплатени во готово, додека третата обвинета која е самостоен референт-сметководител во одделението за сметководство во секторот за финансиско работење во ЈСП, иако знаела дека парите не се уплатени и раздолжени, сметководствено вршела докнижувања, прекнижувања, исправки и други книговодствени работи без документација, за да може сметководствено да ги оправда и покрие неуплатените готови пари од дневниот пазар.

„Јавниот обвинител, со поднесување на обвинителниот акт, предложи и определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање“, информираа од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ