„Имавме позитивно тестирање на првата украинска балистичка ракета. Честитки за нашата наменска индустрија“, изјави Зеленски на прес-конференција во рамките на форумот „Украина 2024 Независност“.
Тој истакна дека не може да открие повеќе детали за ракетата и додаде дека морал да открие барем толку, за општеството во Украина да ги знае и цени работниците во домашната наменска индустрија, кои „работат 24 часа, седум дена во неделата“, пренесува Политико.
Зеленски изјави дека производството на домашно оружје е во пораст од почетокот на војната меѓу Русија и Украина во 2022 година, но и покрај тоа, Киев сè уште се потпира првенствено на воената помош од Западот.
„Ова е делумно затоа што немаме доволно пари да го финансираме домашното производство во голем обем“, рече претседателот на Украина.
Западните земји не ги финансираат директно вооружените сили на Украина, но помагаат со испраќање оружје и обука на војници.